„Македонските политичари се свртени кон минато, кај бугарските нема изнесувања црнила – атмосферата е демократска“

Сведоштво како изгледа Бугарија на денот на изборите, каква е атмосферата. Сето тоа го пренесува за „Трилинг“ – Сашо Јовановски, извршен директор на „Даталаб“.

„Притисокот, нервозата, сето она што се случува во Македонија и Албанија очекував да го видам и во Бугарија. Во Софија ништо не се приметуваше, по ништо не можеше да се забележи дека тој ден таму се избори. На државната телевизија организирана емисија во сала, смирена атмосфера, не видов лоши коментари, немаше политичари кои врескаат кои обвинуваат за кражби, немаше драматика. Во дел од емисијата БТВ ги претстави главните учесници од кампањата какви луѓе се, многу личен впечаток, ги немаше страшните црнила кои кај нас се случуваат посебно на ден на изборите“ – вели тој.

Јовановски вчудоневиден од ситуацијата во Бугарија на денот на изборите, ја споредуваа со онаа кај нас.

„Се чувствува дека изборите не се да се биде или не, туку се дел од животот. Сите политичари многу коректно, со заблагодарување ги завршија изјавите вечерта. Целата атмосфера беше многу демократска. Начинот на комуникација е исклучително коректна преку која изнесуваат идеи (Петков и Василев), не се занимаваат со претходниците иако нивниот успех е поради лошите постапки на претходните гарнитури“ вели Јовановски.

Македонските политичари, смета Јовановски, не се занимаваат со иднината, туку само со црнила и обвинувања, свртени се кон минатото.