Игор Киров: Луѓето во малите места не знаат што е тоа танц, виновни се институциите

Интервјуто со Киров го направи Марија Димишкова

„Неколкуте институции кои ја претставуваат танцовата сцена треба да седнат и да се договорат. Се е централизирано во Скопје, луѓето во помалите градови, средини не знаат што е танц, или имаат можноста да видат што е опера, а надлежни се институциите, или министерството како да воспостават контакт со публиката, како да ја едуцираат публиката“ вели Игор Киров, балетан и кореограф во „Трилинг“.

Запрашан зошто на репертоарот на МОБ (главна институција) нема негова претстава, Киров категоричен:

„Шанси од МОБ, од Македонија генерално не барам, доволно сум естаблиран како уметник, само да донесам нешто ново на македонската публика, се трудам да и дадам на публиката нешто, дел од мене. Ако не сум доволно квалитетен немаше со моите претстави да патувам во Рим, Париз, Ротердам, Белград, Сплит, сето тоа оставило свој печат“ вели тој.

Од 2014 година Игор Киров не танцува – но играњето го замени со кореографија или педагогија, па трча, оди на фитнес и физички е активен.