Мицкоски: Функционерите во власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со трагичната несреќа која се случи во Бугарија денеска рече дека раководните лица од власта се корумпирани и не си ја вршат работата за која се платени.

„Ова е уште една катастрофална постапка на македонските власти, јас сум вчудоневиден од тоа како овој автобус, дури 135 пати ја поминувал границата без да биде запрен, овој за којшто велат дека бил роднина на лидер од владеачка партија, а е директор на овој транспортен инспекторат го нема да излезе во јавноста и да објасни како ова возило и 135 пати ја напуштало границата и како се дозволило ова возило да ги помине сите ако воопшто постојат технички прегледи и да објасни на јавноста што се случува. А, во суштина се случува голема корупција која претставува едно сериозно ткиво коешто шестоко ги има зафатено институциите и системот“ рече Мицкоски.

Тој истакна дека поради корупцијата ова владејачка коалиција на власт потребни се брзи парламентарни избори.

– Се додека оваа некредибилна влада на СДСМ и ДУИ продолжи ќе продолжат поразите, за жал тие порази продолжуваат да не чинат десетици загубени човечки животи, а тоа е поради тоа што раководните лица не ја вршат работата за која се платени, затоа ни се случуваат вакви несреќи кои овој пат однесоа 45 човечки животи, а пред некој месец во модуларната болница, пред некоја година во Ласкарци со „Дурмо турс“ – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.