Птици се заглавиле во мотор на авион на „Луфтханза” во Софија

Авион на германската авио-компанија „Луфтханза“ кој утринава требаше да полета од Софија за Франкфурт, остана на пистата.

Причината се птици кои влегле во еден од неговите мотори, јавува бугарска БНР.

Патниците кои требало да полетаат со тој авион биле упатени на други летови.

Аеродромска управа соопшти дека на турбината на авионот имала мали оштетувања.