Мицкоски најави изградба на шест автопатски делници
Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1.200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајно затоа што се ангажира домашната оператива, што е сериозен индикатор за подобра економска активност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетен живот на граѓаните.

Кон крајот на овој месец, веројатно на 26 август, посочи Мицкоски, ќе почне изградбата на автопатската делница Блаце – Скопје, за која, рече, завршени се сите формални процедури.
– Конечно, за овој децениски проект којшто беше најавуван, имаме изведувач, тоа е домашна компанија, имаме надзор, сите услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. Во септември очекувам да почне уште еден автопат за делница, тоа е Букојчани – Кичево, и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година – изјави Мицкоски.
Тој посочи и дека со засилена динамика продолжуваат градежните активности на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д – Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.
– Сè на сè, отприлика шест автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема, засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата, секција 2, којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3 за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавниот повик, бидејќи сите административни предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, завршување на физибилити-студијата и на почетокот на следната година отпочнување на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите предизвици коишто ги имаме бидат решени. Очекувам да нема пречка да се реши – истакна премиерот.