Мицкоски: Имаме нокаут со продолжено дејство, се подготвува асимилација!

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предмалку на прес-конференција рече дека „целосно ќе се фокусираме на решението околу францускиот предлог. Оваа Влада веќе неколку часови преку бриф-реченици во медиумите создава голем триумф. Можам да заклучам дека овој модифициран предлог го немаме видено, но можеме да споделиме дека врз основа на информациите со кои ние располагаме дека е ништо друго освен два модифицирани зборови различни од претходниот предлог“.

„Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на наши извори. Лага е на Владата дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале. Врз основа на информациите со кои ние располагаме се само два сменети збора. ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати штетен договор, а Владата веднаш да го објави предлогот, да не го крие“ порача Мицкоски.

Тој смета дека доколку вечерва го објават договорот, јавноста нема да шпекулира.

„Го повикувам народот на будност, мора сите внимателно да ја следиме ситуацијата. Го предупредувам секој оној на кого му значи идентитетот – се подготвува асимилација. Притисокот ќе биде голем, но народот требаа да знае, ова се историски моменти. Сега се одлучувачките моменти. Подобро сега да кажеме НЕ, отколку денеска да капитулираме дипломатски и наредните 50 години да не можеме да стигнеме до ЕУ“ – порача Мицкоски.