Бајден со нов гаф: Наместо Шведска, тој Швајцарија ја најави како нова НАТО членка

Претседател на САД – Џо Бајден денеска на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Мадрид повторно направи гаф. Наместо Шведска, тој рече дека Швајцарија влегува во НАТО.

Лидерот на САД брзо се поправи и се пошегува се дека мора да е возбуден поради процесот на проширување на Алијансата.