Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за случајот „Мазут“, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи

ЕСМ вложи жалба на одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“, информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи.

ЕСМ вложи жалба на одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ – информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи.

Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече дека ќе ја почека одлуката на Вишото јавно обвинителство.

– ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа што е содржано во жалбата. Да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме – нагласи Мицкоски.