Министерот за здравство на Франција: Ќе има по 100.000 корона случаи дневно

„Франција може да има околу 100.000 нови случаи на коронавирус дневно“. Ова го изјави францускиот министер за здравство – Оливие Веран. Моментно во земјата има околу 70.000 случаи на дневна основа.

„До почетокот на јануари доминантна ќе биде варијантата омикрон“ – изјави Веран.

Министерот рече дека засега не се разговара за нови ограничувања. Властите во Франција се надеваат дека зголемувањето на бројот на вакцинирани ќе им овозможи да го држат вирусот под контрола.

Во Франција досега број на починати како последица на вирусот се искачи на 95.000.