Милошоски: Дали Коларевиќ поради свои интереси и насоки од Абази ја сопре постапката за случајот „Мазут” вреден 167 милиони евра?
„Денес ќе изнесеме два податоци кои упатуваат на блискоста на обвинителката Коларевиќ, со моминско презиме Маркова, со партиите СДС и ДУИ. Таткото на Коларевиќ, Павле Марков, е избран за државен правобранител од владата на СДС во 1998 г. Мајката на обвинителката Коларевиќ, Вера Маркова, во 2004 од коалицијата СДС и ДУИ е избрана за уставен судија. Овие фамилијарни кариери на родителите во семејството Коларевиќ се цврсто поврзани со политичките номинации на владите на СДС“, рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој вели „прашањето е дали затоа обвинителката Коларевиќ , за осомничени како Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и други блиски до Ахмети, Заев и Филипче, не постапувала со мотив да ја открие вистината, туку со мотив да го заташка предметот Мазут тежок 167 милиони евра. Обвинителката Коларевиќ, која што е блиска до СДС и ДУИ, добро знае дека во економскиот криминал, како што е случајот со ТЕЦ Неготино, штетата се утврдува со економско вештачење, а не со изјава дадена од некомпетентен или поткупен сведок или вработен во ЕСМ. Ваквото селективно постапување им дава повластена позиција на осомничените Васко Ковачевски, Адријан Муча, Асмир Јахоски и другите, а го деградира владеењето на правото“.
„И самото ЕСМ во соопштение јасно кажува дека тие коишто биле испитани во постапката, не биле ниту одговорни лица, ниту компетентни лица да проценат штета и да утврдат економски криминал со мазутот во ТЕЦ Неготино. Но, со прекинувањето на истрагата за овој 167 милионски евра скандал со силни индиции за перење на пари и тендерски криминал станува јасно дека решението на Абази и Коларевиќ не е поткрепено со правно-обвинителски аргументи, но веројатно е добро подмачкано со прескап мазут. За да имаме владеење на правото и за довербата во правосудството да биде поголема од 2%, треба и обвинителите да подлежат на професионална, на дисциплинска, па и на кривична одговорност, кога има докази за истото“ рече Милошоски.
Прашува „Дали Коларевиќ како обвинителка поради свои интереси и насоки од блискиот до ДУИ, Ислам Абази, кои што доаѓаат од врхушката на СДС и ДУИ, односно од Ахмети, Заев и Филипче, ја сопреа постапката за овој случај вреден 167 милиони евра?“.