Меси: Не требаше така да го славам голот против Холандија, веднаш помислив дека сум идиот

Лионел Меси (36) призна дека жали што ги ставил рацете на ушите при прославата на вториот гол против Холандија во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Тоа беше неговиот одговор на критиките кои селекторот на Холандија Луј ван Гал, кој рече дека „Меси не игра без топка“.

Да потсетиме, Аргентина водеше против Холандија со головите на Нахуел Молина во 35. минута и Меси од пенал во 73. минута.

Следеше споменатата прослава. „Го прославив голот со „Топо Џиџо“ и автоматски зажалив што го направив тоа. Штом го направив тоа, си помислив: „Каков идиот. Уште можат да го изедначат резултатот“. Тоа обично се случува“, изјави Меси во интервју за ЕСПН.

Меси беше во право бидејќи Холанѓаните навистина се вратија во натпреварот. Воут Вегхорст го постигна првиот гол во 83. минута, а истиот играч израмни во 11. минута од судиското надополнување, обезбедувајќи продолженија за својот тим. На крајот патникот во полуфиналето го решија пеналите. Холанѓаните двапати промашија, а Аргентинците еднаш и се пласираа во полуфиналето.