Кремљ: Бајден го држи клучот за ставање крај на конфликтот во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден го има клучот за ставање крај на украинскиот конфликт, но тој не го користи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков верува дека САД би можеле брзо да го прекинат конфликтот доколку сакаат, но наместо тоа да вбризгаат оружје во Украина, пренесува Ројтерс.

Во исто време рускиот претседател Владимир Путин оцени дека злосторствата што, како што наведе, неонацистите ги вршат врз цивилите во Украина, укажуваат на заборавени лекциите од историјата, додавајќи дека тоа води до повторување на страшни трагедии.

Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Стефано Санино, оцени дека Русија го префрла својот воен фокус кон НАТО и Западот, пренесува АП.

Санино рече дека Русија ја доведе својата војна против Украина во „поинаква фаза“, со неселективни напади врз цивили и невоени цели. Тој, исто така, ги бранеше германските и американските испораки на воена опрема за Украина и го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за „водење војна против НАТО и Западот“.