Абазовиќ: Црна Гора може да биде голем афирматор на новите идеи за комбинирање на туризам и бизнис

Црна Гора, а особено Котор, може да биде голем афирматор на нови идеи за спојување, пред се уметност и бизнис, изјави денеска премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ.

На отворањето на конференцијата „Време на креативност“ во Котор, тој рече дека во современиот свет е неопходно да се примени својот начин на размислување, да се користи интелигенцијата на луѓето, но и да се излезе од „мислењата кои се прилично фиксирани“, со цел да ја направиме заедничката иднина што е можно подобра.

„Сигурен сум дека Црна Гора, особено Котор, може да биде голем афирматор на нови идеи за спојување, пред се уметност и бизнис“, рече Абазовиќ.