Костадиновска – Стојчевска: Во крвта на ВМРО-ДПМНЕ е да ги остава работите што не им се по кеиф да пропаѓаат

„Универзална сала, таа ваша кандидатка што вие ја промовирате со бело палтенце ја остави да пропаѓа, отворен објект, отворено градилиште. Пожарот е нешто што се случи и од тоа никој не избега, меѓутоа дека се обидовте да го пропагирате тоа на никој не можете да му го одземате, но дека тоа ви е во крвта да ги оставате работите што вас не ви се по ќеиф да пропаѓаат, тоа е многу точно така.“ и рече Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерката за култура на противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска на дебата „Само вистина“ на Канал 5.

Во однос на прашањето околу реконструкција на Аквадуктот таа одговори дека во моментот се реконструира.

„Аквадуктот во моментов се реконструира и го реконструираме неколку години на назад, меѓутоа, министерството за култура не е криво дека е дива депонија, тоа е на граѓаните. Библиотеката, минатата година ја започнавме со реконструкција. Библиотеката за која и сами кажавте колку е суштински важна, зошто претходно никој не чепнал, не поместил ниедно камче таму? Зошто беше поважно Скопје 2014 наместо библиотеката? За аквадуктот, повторно ќе кажам и за депонијата што таму се создава апелиравме многу пати до општините каде што самиот аквадукт се наоѓа“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Таа заклучи дека обврска на министерството е да го реновира, реконструира, конзервира и да го заштити, меѓутоа да изиграва таму полицаец не е тоа обврска на самото министерство.