Колумна на тема: Глас ,,ЗА“ предлог-законот за една изборна единица

Пишува: Софче Ристова по професија Правник

Република Македонија држава која е со дефиниран полупретседателски систем или поточно насловено  македонската држава имаа комбиниран модел на поделба на власта. И содржи елементи и од претседателскиот и од парламентарниот систем.

Од претседателскиот систем е преземена позицијата претседател на  државата (самостојна-независност) која се бира на непосредни фер и демократски избори.

Додека пак од парламентарниот систем е преземена положбата на владата која се формира преку народните избраници и парламентарното мнозинство, кое гласи за доверба на владата и отчет за сработеното во текот на својот мандат.

Во последниот временски период на македонската политичка сцена е доста актуелна темата: За изгласување на предлог законот за една изборна единица кои е доставен од партијата Демократски сојуз во Собранието на Р. Македонија, а доби негативно мислење од Владата на РСМ.

За кои се бара промена во изборниот модел – При избор на пратеници во законодавниот дом,  наместо шест (6) изборни единици ,да имаме една (1) изборна единица  на тој начин ќе се овозможи да имаме поголема демократизација  при изборот на пратеници, со тоа што пропорциналниот изборен модел ќе биде ист, а ќе се демонстрира еднопартискиот систем на владеење.

За кои сметам дека е добар и ефективно позитивен  предлог-закон. И за кои е потребно повторно да се разгледа и да се овозможи да  добие овој предлог- закон  имплмнтација во собраниско процедуралната постапка на македонскиот парламент.

Во далечната 1991 (Илјада Деветстотини Деведесет и Првата Година) на референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна, суверена и независна држава, а Осми (8 -ми) Септември се прогласи за државен празник и ден на независноста на Р. Македонија, а македонскиот народ доби своја сопствена и независна држава.

И со формирањето на првиот (|) парламентарен состав на ден 17.11.1991 година добивме уште еден исторски и значен датум за македонската држава со кои се донесе и прогласи највисокиот правен акт УСТАВОТ на  Р.М. кои имаа темелно фундмнтална и значајна вредност  во државното уредување.

А со тоа се конструира и првиот член 1 од Уставот на Република Македонија кои гласи: Република Македонија е суверена,самостојна, демократска и социјална држава. А суверенитетот  на Р.М. е неделив, неотуѓив и непронослив.

Така што од 1991 година до 2020 години поточно 30 (триесет) години од осамостојувањето на македонската држава.

Македонското Собрание досега има формирано вкупно дест (10) пратенички  состави, кои донесувале, прогласувале, изменувале и дополнувале закони , амадмани и други подзаконски „правни акти“ без разлика од која политичка партија биле избрани кандидатите / пратеници и биле дел од парламентарните состави.

Од досегашното мое искуство на толкување и применување на законите. А на кои придавам посебен акцент е Изборниот законик поточно  чл. 47 кои имаа значен и интересен факт и кои гласи: Политичката партија, две или повеќе политички партии (партија во кооалиција) или ГРУПА на ИЗБИРАЧИ чии листа на кандидати за избор на пратенци во Собранието се потврдени од регионалната изборна комисија и имаат право да органзират изборна кампања. Ни, укажуваа дека за да  може лицето кандидат да биде  пратеник во законодавниот дом .

Условот за исполнување на оваа барање е дека лицето/кандидат за пратеник мора барањето да го имплементира преку

  1. Политичка партија 2.Партија во кооалција или 3. ГРУПА на ИЗБИРАЧИ согласно Изборниот законик.  Во сегашниот парлмнтарен состав (2020-2024) имаме двајца (2) независни пратеници овој вид на пратеници го немаат „Вистинскиот Статус“ на независни пратеници затоа што овој вид на пратениции пред да влезат во сегашниот парламнтарен состав биле на некоја од листата на кандидати на политичка партија или политичките партии во кооалиција, а потоа ,,преминеле во статус,,  на независни пратеници  кои ги земам како пример. А истото важи и за претходните парлмнтарни состави кои биле дел од македонскиот парламент а биле независни пратеници – Без разлика од која политичка партија биле на листа на кандидати тоа е најмалку битно.

До колку овој Предлог-Закон добие зелено светло и ЕДНОГЛАСНО го изгласат СИТЕ пратеници без разлика на нивната политичка припадност , кои се дел од сегашниот парламентарен состав во законодавниот дом.

Ќе се овозможи од чл.47 Третата (3) ГРУПА на ИЗБИРАЧИ кои е дел од овој член и изборниот законик  да добие поголема и практична примена за избор на пратеници а на овој начин ќе се овозможи независниот  пратеник кои е и треба  да биде дел од законодавниот дом да го добие ,,ВИСТИНСКИОТ СТАТУС,, за независен пратеник.

Иако изборната пракса за жал, но и фактичката состојба за овој вид на прашање ни дава до знаење дека преку група на избирачи за кандидат/пратеник  досега не е имплмнтирано, бидејќи станува збор за  процес кои е тежок и макотрпен за реализација на истиот.

А додека пак квалитетните кадри кои остана во Македонија и се членови во   најголемите политички партии (ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ) како и помалите политички партии во државата ќе имаат поголема можност  да бидат дел од кандидатските листа на пратеници (отворени листи)

А граѓаните ќе имаат поголема можност и избор да ги изберат  најдобрите и најквалитетните кандидати за пратнции кои имаат визија и цел  да може да  придонесат да имаме по функционални и по практично применувани закони.

Затоа што само на овој начин овозможуваме да создадеме промени за поголемо владеење на демократизацијата и владеењето на правото во современиот период. И одиме  чекор напред кои Европската Унија тоа ќе го цени.

Водејќи се според тезата на теортичарот Морис Диверже кои гласи: Демократијата  ја сфаќаме како владеење во ИМЕ на НАРОДОТ , или поинаку да речеме владеење ЗА народот и НА народот која има апсолутна а не релативна вредност.

НАПОМЕНА: Колумната е напишена согласно чл.16 од Уставот и чл.10 од Европската Конвенција за заштита на човековите права, со кои се овозможува правото на слобода на изразување, како и на правото на јавно изразување.