(ВИДЕО) Маџов: Оние бизниси кои ќе внесат Вештачка интелигенција ќе ја менуваат економијата

➡Маџов смета дека ВИ ќе придонесе за економскиот развој, а на прашањето дали тоа би придонело на нов цивилизациски шок, како што е згаснување на одредени професии, тој дава неколку примери.

„Оние бизниси кои ќе внесат Вештачка интелигенција ќе ја менуваат економијата. Тоа се сите бизниси кои ќе продолжат да работат на осигурување на продолжен живот на човештвото – медицина, финансии, храна. Тоа се оние кои ќе останат засекогаш. Прашањето е како се делува, како функционира бизнис светот во ова време. Оние коишто брзо ќе ја прифатат Вештачката интелигенција се оние кои ќе избијат први во своето функционирање “, изјави за „Трилинг“ основачот и претседател на Стартап Македонија Игор Маџов, околу тоа кои се новите бизниси кои би ја менувале македонската економија.

Маџов смета дека ВИ ќе придонесе за економскиот развој, а на прашањето дали тоа би придонело на нов цивилизациски шок, како што е згаснување на одредени професии, тој дава неколку примери.

„Се сеќаваме низ историјата од првото внесување на електрификацијата, и струјата како ги има заменети некои занаети коишто веќе не ни знаеме дека постоеле. Потоа дојде интернетот кој направи нови милионери, и ова што се случува е технолошки скок, или ние викаме Индустрија 5.0, каде ВИ преводи и го менува начинот на кој светот функционира.

-Затоа можеме да кажеме дека ВИ е тука за да го подобри функционирањето на човекот. Да ги подобри оние работи коишто се репетитивни и не сакаме како човештво да ги работиме, а оние работи кои сакаме да ги работиме – креативноста, уметноста, кои се навистина човечки, да дојдат до израз“, вели Маџов.

Според него, несомнено е дека корективниот фактор е човекот.

„Во служба на човекот е тој кој ги гради етичките норми на Вештачката интелигенција“, додава Маџов.

Целото интервју погледнете го во видеото