Колумна на професорката Ана Чупеска: ПОГРЕШНА ФРУЛА

Се посилни и поаздисани во нашата јавност се евроскептичните гласови, сега толку отворени, што измислуваат и конференциски платформи на кои сакаат да не инфицираат со контаминирачките нивни фантазии. Но, во услови на фактички најподдржуваната идејно полтичка платформа: МКД во ЕУ, џабе им е претставата.

Во налет на изборна кампања, сиромашките, дуваат во погрешна фрула, само за да се дочепаат до некоја привилегија, во случај да се смени власта. Жалам, што ќе ги разочарам, но, секоја влада, без разлика од која провиниенција е , ќе мора  да се задржи на евроталтанскиот статешкиот курс и да овозможи национален консезус. Во спротивно, нема да ја има. Да повторам, се уште, граѓаните овде, многу добро знаат дека ЕУ е најповолниот можен свет од расположливите на лагер (и со сите свои маани, факт е дека тоа е сепак: демократски и мирен свет).

Овие евроскептични гласови,  исто така, почнуваат и да го релативизираат влијанието на  BRICS, особено, во развојот на автократиските режими кај неговите членки.

Дами и господа што сакате да ја втурнете земјава во политичка сива зона, sorry to say:  фактите и реалноста, не се на ваша страна. Полецка со импресиите.

Прво, уште од времето кога се лансираше, BRICS е лабав сојуз, кој ниту има процедурални институци, ниту екзекутива, ниту пак има законодавно тело, ни постојан секретаријат, ни формални критериуми за членство. Поточно, нема конкретни критериуми за операционализација на своите замисли. За разлика од ЕУ, која сето тоа го има! Во BRICS, земјите се со разнородна политичка, воена и економска  потенција,  и воедно водечките меѓу нив се докажани автократии. Погодете кои се тие? За разлика од ЕУ – тоа не е случај. И ова е битна разлика, мили мои!

Во овие бриксовски патрди, се одвива квази политички шоу, и во едно такво шоу, за граѓанското општетсво нема отворено простор. Така што овие од кај нас неутронските „енџиоиши” кои  засурфаа на евроскептичиот бран, не знам колку се свесни дека доколку продолжат со еуроскепсата, во евентуален бриксовски заокрет, скоро и да нема да постојат, а не па да бидат консултирани и финансирани.

Нема шанаса тоа, мили мои.

Затоа што, функционалното мрежно поврзување на бриксовците, не ги баш љуби активистите на НВО, туку,  повеќе дејствија преку партии, компании, а бога ми и академски кругови. Последниве, гледаме и кај нас добро се уштекале и умрежиле и тие се тука инсталирани уште од пред времето на информбирото; и особено, во бастионот на македонската наука.

Значи, за да се стане член на една неформална дружина како BRICS, не е прашање на формален критериум (на пример Копенхагеншите како во случајот на ЕУ, особено не ДЕМОКРАТИЈА или ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВО), туку е прашање на ВЛИЈАНИЕ и тоа, се знае чие: на Русија или на Кина. А, новите земји приклучоци на БРИКС, како Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) – се состојат од две монархии, една теократија т.е. де факто воена диктатура и земја во која моментално се води граѓанска војна. Аргентина ќе беше демократија, но, по изборот на Милеи и тоа е доведено во прашње. И за да не должам многу, поготово не за енергетските причини позади овие влијанија на Русија и Кина, ќе укажам само референтниот Уве Oптенхогел, кој вели дека “… Русија и Кина го претворија БРИКС во антизападен проект чија цел е да се скрши хегемонијата на западните земји во сегашниот глобален поредок и доминацијата на американскиот долар во глобалната економија”… Со други шанси БРИКС+ , веројатно е да продолжи со демократска дегенарација, и да се развива како клуб на претежно автократски режими. Се слагам целосно со наодите на Oптенхогел: ….”  ваквиот развој не нуди ништо на патот на напредокот за луѓето во светот во смисла на нивен развој; и поверојатно е дека ќе резултира со враќање на таков вид на политика меѓу големите  сили –  карактеристичен за 19 век. Мултиполарниот свет на Владимир Путин, и Си Џинпинг, формулира неоимперијалистички тврдења за самодефинирање на сфери на интерес. Но, тоа не подлежи на никакви правила и е всушност спротивно на мултилатералниот свет во кој сите играат по исти правила. Ова разбирање на мултиполарноста го елиминира поредокот заснован на правила, заменувајќи ја силата на законот со законот на најсилните. И на секој автократски лидер му се гарантира одврзана рака во сопствената земја”…

Па мили мои, зарем има уште такви меѓу нас кои сакаат да се ре-автократизираат после 10 годни искуство на Груевизам?

Да, ене ги на телевизија, на радио, на конференции, на сите медиуми…

Нив сакам да им порачам, дека нашата земја, ниту географски, ниту вредносно, па ако сакате веќе,  ниту енергетски не им припаѓа на бриксовците, колку и да тие се обидуваат тука да дјствуваат преку вас, како верни спијачи и  инсталации, и преку дезинформации; преку  некои од партиите, манулачите, дури и верските великодостојници.

Прогресот не сака автократија! А граѓаните сакаат прогес и исвесност. Следствено, Македнонија не сака во BRICS.

И да Ве потсетам, земјата наша е во статус на започнати, но , поради таквите како вас закочени преговори, и, земјата  е несомнено дел од Европската Политичка Унија (лансирана во 2022). Македонија, значи, веќе се качи на брзата трака на проширувањето, и сега многу е опасно да се симне од неа, додека траката врти.