Клековски: Луѓето со мултиплекс склероза ќе можат да добиваат терапија во местото на живеење

Лицата кои живеат со мултиплекс склероза наскоро ќе може да ја добиваат терапијата во местото каде живеат. Ова на денешното одбележување на светскиот ден на лицата со мултиплекс скероза – 30. мај го најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој рече дека со новата набавка на лекови, тие нема да се дистрибуираат само во Скопје на Клиниката на неврологија, туку и во болниците во Битола, Куманово Струмица, онаму каде има повеќе пациенти и во болниците каде има невролози.

-Имаме договор за децентрализација на терапијата и на интерфероните и на биолошката терапија. Дистрибуцијата нема да биде само на Клиниката за неврологија. Интерферони ќе има во болници со повеќе пациенти и каде има невролози, бидејќи без невролози, следење на терапијата е неможно. За почеток ќе биде во Битола Куманово, Струмица, како и во местата каде има повеќе пациенти така и во места кои се поодалечени од Скопје, изјави Клековски.

Тој рече дека буџетот за лицата со МС за оваа година е 45,1 милион денари и дека тоа е за трипати повеќе од 2022 година и дека се намалени цените на потребните лекови.

-Лицата со мултиплекс склероза да живеат еден продуктивен живот, ако се рано откриени и примаат соодветна терапија. Стигмата се надминува и се охрабруваат луѓето да се појавуваат во јавноста и да водат нормален живот. Не е само зголемен паричниот износ. Oвозможено е да нема листи на чекање за биолошка терапија. Оваа терапија е животноизменувачка и ќе правиме напори да се опфатат сите нови пациенти. Одиме кон намалување на лекување на пациентите со интерферон и зголемување на повеќе пациенти на биолошка терапија, изјави Клековски.

Тој додаде дека за аплицирање на биолошката терапија обучени се медицински сестри и персонал во Градската општа болница „8-ми Септември“, во болниците во Штип и во „Св. Еразмо“ во Охрид.