Караванот со музичкo-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност, доаѓа во Велес
Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, на 12 август пристигнува во Велес, во паркот пред Општина Велес, во 20:30 часот, сооопшти Авалон.

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.
Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, продолжува во Битола (11 август) и пристигнува во Велес на 12 август. Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.