Извештајот на германските вештаци за пожарот во тетовска болница е готов, се чека само превод

Германските вештаци кои правеа извештај за пожарот во тетовската модуларна болница на 8. септември 2021 година ја завршиле работата и во петокот го доставен до Јавното Обвинителство.

Од тетовското Обвинителство информираат дека извештајот допрва ќе се разгледува и одлучува за понатамошните постапки, а причината за тоа е што тој е на германски јазик.

„Извештајот е на седум страници и на германски јазик. Денеска е дадена наредба да се направи превод на извештајот. Кога ќе биде завршен преводот и кога ќе го добиеме ќе одржиме колегиум ние петте обвинители кои го водиме случајот за да утврдиме што понатаму и дали ќе се објавуваат делови за јавноста“ – изјавил за МИА, Бесир Алиу, основен јавен обвинител во Основно Јавно Обвинителство – Тетово.

Пожарот, според вештачењето на МВР, настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.