„Поголем дел од финансиските издадоци за 2022 ќе ги пренамениме за амортизирање на енергетската криза, практично цената на електричната енергија на светските берзи ни создава големи проблеми. Од прогнозите, ако досега сме плаќале 4 милиони денари, новата сметка ќе е околу 16 милиони денари, само за јавното претпријатие „Исар“. Тоа ќе предизвика поголем дел од средствата од буџетот, она што било предвидено во капитални инвестиции, ќе се пренаменува. Преку ЗЕЛС покренавме иницијатива државата да ги покрие овие сметки, но немаме повратна информација. Имаме наследен долг од 300 милиони денари, се комплицира финансиската состојба“ вели меѓудругото Иван Јорданов – градоначалник на Штип во најновото издание на Трилинг.