Крсте С. Џидров – Џиби: Основното мото за театарот е две даски, еден глумец и еден човек во публиката, а идејата беше – револуција!

Разговорот со архитектот и театарски сценограф го водеше Марија Димишкова

„Кога си млад, средината бара идоли, еден од генерацијата 1963/4/5 година е Владимир Милчин, некоја млада генерација повлекува следбеници. Еден од следбениците бев и јас. Беше друго време, но за посериозните работи во театарот остана трага неизодена, а се затвори циклус 10-тина години подоцна. Јас сум во втората генерација „голтари“, а првата генерација го напиша манифестот на театарот, каков театар сакаме – основно мото беше две даски, еден глумец и еден човек во публиката, а идејата беше – револуција“ – вели Крсте С. Џидров – Џиби, архитект и сценограф во најновото издание на Трилинг.