ЗЕЛС бара состанок со Владата за да се реши енергетската криза

Денеска на четврта седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), едногласно е изгласан заклучок да се побара итен состанок со Владата со цел изнаоѓање на решение за проблемите предизвикани од енергетската криза.

Наведуваат дека се бара средбата да се реализира со членовите на управниот одбор на ЗЕЛС со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и со претставници на ресорите кои се директно поврзани со справување со последиците од енергетската криза.

Станува збор за голем проблем и градоначалниците веќе подолг период алармираат на повеќекратно зголемување на сметки за електрична енергија, а во некои општини и за повеќе до 500 проценти во однос на тие пред почетокот на кризата.

Претставниците на ЗЕЛС побараа навремена реакција од Владата за надминување на оваа состојба, потенцирајќи дека доколку тоа не се случи час поскоро, ќе се доведе во прашање функционирањето на општините, но и на јавните претпријатија и образовните институции.