Над 700.000 Словенци добиваат по 150 евра – помош поради зголемена цена на енергијата

На собраниска Комисија за инфраструктура, животна средина и просторно планирање во Словенија се разгледува предлог-законот за вонредни мерки за ублажување на ефектите од високите цени на енергенсите. Со него се предвидува еднократна помош од 150 евра за 710.000 корисници.

Предлог-законот предвидува солидарен надоместок од 150 евра, кој ќе го добијат околу 465.000 пензионери кои во декември имале максимална пензија од 1.000 евра и околу 67.000 лица кои имале право на паричен надоместок – социјална помош, инвалидски надоместоци или бенефиции.