
Речиси илјада прекршоци за нешто повеќе од два месеца покажуваат дека правилата за движење со електрични тротинети сè уште не се почитуваат доследно.
Од 18 мај до 31 јули 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел засилени контроли на целата територија на државата, при што биле констатирани вкупно 965 прекршоци од страна на возачи на електрични тротинети.
Најголемиот дел од прекршоците, 519, се однесуваат на непрописно движење, односно возење по површини наменети за пешаци, наместо по велосипедска патека или лента, како што предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Најмногу прекршоци се регистрирани на подрачјето на СВР Битола – 443, по што следуваат СВР Струмица со 112, СВР Скопје со 90, СВР Тетово со 86, СВР Велес со 73, СВР Охрид со 59, СВР Куманово со 45 и СВР Штип со 18 прекршоци. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот констатирала дополнителни 39 прекршоци.
Електричните тротинети се сè почеста форма на превоз, но нивното користење подразбира и одговорност. Почитувањето на пропишаните површини за движење не е само законска обврска, туку основа за безбедност во сообраќајот. МВР најавува дека засилените контроли ќе продолжат, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.