Заразените со сојот Омикрон со 70% помали шанси да завршат во болница

Луѓето кои се заразени со сојот на коронавирусот – Омикрон имаат до 70% помали шанси да завршат во болница во споредба со некои претходни варијанти.

Британската агенција за безбедност во здравството вели дека раните откритија се охрабрувачки дека оваа варијанта не може да предизвика голем број хоспитализации.

Истражувањата покажуваат дека заштитата од зараза со Омикрон што ја дава вакцината почнува да слабее 10 недели по примањето на третата доза.

Анализите покажуваат дека луѓето заразени со омикрон имаат од 30 до 50 проценти помалку шанси да одат на болнички преглед, односно 50-70% помали шанси да завршат на болничко лекување.

Лабораториските анализи покажуваат промени во начинот на кој омикрон ги заразува луѓето. Тој повеќе ги напаѓа дишните патишта отколку длабоките ткива на белите дробови, со што полесно се шири, но е помалку опасен.