Женевскиот центар за безбедносна политика отвори хаб во Република Северна Македонија

Женевскиот центар за безбедносна политика (GCSP) официјално го отвори својот нов хаб во Република Северна Македонија, чија мисија е да го унапредува мирот, безбедноста и меѓународната соработка како на глобално, така и на локално ниво.

Како што соопштуваат од меѓународната фондација со седиште во Женева, новиот хаб ќе биде воден од Ардијан Исмаили, кој е именуван за Хаб лидер и претставник на GCSP за Република Северна Македонија.

Исмаили, се посочува, има значително позадинско знаење во меѓународната безбедност, дипломатијата и стратешкиот менаџмент. Тој е алумни на три курса на GCSP, дипломец на магистерски студии и моментално завршува докторат по меѓународна безбедност. Во својата кариера, г. Исмаили работел на различни позиции во владини и невладини организации, каде што се занимавал со сложени геополитички прашања и развивање на ефикасни решенија.

-Ова е уште еден успешен ангажман на Исмаили во промоцијата на надворешната и безбедносната политика на Република Северна Македонија на меѓународната сцена. Неговото лидерство во Хабот на GCSP во Северна Македонија се очекува да придонесе кон значајно зголемување на дијалогот и соработката во областа на меѓународната безбедност, поврзувајќи ги алумните на центарот со локалните стручњаци и заинтересирани страни. Хабот кај нас ќе служи како платформа за значајни дијалози и колаборација, нудејќи нови можности за ангажман и размена на знаења меѓу алумните на регионот, се подвлекува во соопштението.

Со оваа иницијатива, GCSP, се додава понатаму, продолжува да го шири своето влијание во Западен Балкан, промовирајќи мир и стабилност преку образование и меѓународна соработка.