Ердоган не се откажува – Анкара се уште сака да посредува меѓу Русија и Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно во телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин ќе и понуди на Анкара да посредува во конфликтот во Украина, соопштија дипломатски извори.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин претходно најави дека Ердоган денеска телефонски ќе разговара со Путин и со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

– Претседателот Ердоган има намера да продолжи со напорите за продолжување на преговарачкиот процес за да се постигне договор за прекин на огнот во Украина – изјави еден од изворите.

Истиот извор посочува дека Ердоган има намера да ја искористи можноста да разговара со двете страни и да понуди да посредува и дека денешниот телефонски разговор нема да биде исклучок.

Според изворот, Ердоган со Путин ќе разговара и за проектот за гасен терминал.