Експлозија на Ковид 19 во Чешка – над 20.000 новозаразени за еден ден

Пандемијата на Ковид 19 во Чешка замав – денеска се регистрирани нови 22.936 заразени со коронавирусот – најмногу од почетокот на пандемијата.

Од понеделник PCR и антигенските тестови повеќе нема да важат за влез во угостителски објекти, хотелско сместување, спортски и културни настани.

Вкупно 30.205 Чеси досега починаа од пандемијата, а во болниците во моментов има 4.890 пациенти, од кои 724 се во тешка состојба.