Едукативен караван на ЈП „Лајка“ – „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“

ЈП „Лајка“ почна едукативен караван за млади на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“.

ЈП „Лајка“ почна едукативен караван за млади на тема „Како да бидам одговорен сопственик на мојот миленик“.

-Темата отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за хуман однос кон животните, одговорностите што ги носи сопствеништвото, значењето на стерилизација/кастрација, правилна грижа, вакцинација и идентификација, како и превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња, велат од ЈП „Лајка“.

Првата станица на караванот била во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје , каде претставници на ЈП „Лајка“ се дружеле и разговарале со учениците од 7 одделение .

-Со заеднички ангажман на нашиот тим и со значајна поддршка од Велика Миленковска , дефектолог од училиштето, успешно ја реализиравме првата од низата едукативни активности.  Веруваме дека највредната инвестиција што едно општество може да ја направи е вложувањето во младите генерации – затоа што токму тие, со развиена емпатија, знаење и чувство за одговорност, го менуваат светот на подобро. Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка – темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница, се вели во соопштението од ЈП „Лајка“.

Од јавното претпријатие велат дека продолжуваат со посветеност, стручен пристап и внимателно креирани едукативни материјали, прилагодени на возраста на учениците. Веруваат дека преку заедничка соработка создаваме свест што остава трајна вредност – за луѓето , за животните и за општеството во кое живееме.