ДОМ: Природните ресурси на Македонија се јавно добро, а не приватен интерес

ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековни измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси.

ДОМ изразува сериозна загриженост во однос на најавените и тековни измени поврзани со Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство кои отвораат простор за значително олеснување на постапките за доделувањето концесии и користењето на природните ресурси.

Иако овие измени се претставуваат како технички или економски унапредувања, нивниот ефект може да биде долгорочен и со трајни негативни ефекти врз животната средина и одржливиот економски развој на државата. ДОМ предупредува дека предложените измени во законската регулатива можат да доведат до:

· Намалување на нивото на заштита на животната средина и природните ресурси;

· Олеснет пристап до концесии без доволно строги еколошки и општествени критериуми;

· Отворање можности за користење на земјиште со нерешени имотно-правни односи при со што се создава правна и социјална несигурност;

· Приоритет на краткорочен профит пред долгорочен јавен интерес и здравјето на граѓаните;

· Зголемен ризик од деградација на земјиштето, водите и биодиверзитетот.

Особено загрижува фактот што ваквите законски измени се носат по скратена постапка, наместо со широка и отворена јавна дебата во која ќе бидат вклучени експертската јавност и граѓаните.

ДОМ како еден од предлагачите на суштинските измени во Законот за минерални суровини во 2019 година учествуваше во процесот на нивното усвојување со јасна цел – зајакнување на заштитата на животната средина, здравјето на граѓаните и јавниот интерес во сектор кој по својата природа носи високи еколошки ризици. Потсетуваме дека овој процес беше воден од фактот дека рударската индустрија не смее да функционира без строги еколошки стандарди и силни механизми за контрола и одговорност. Во таа насока, како политички субјект кој континуирано се залага и има директен придонес во унапредувањето на оваа област јасно порачуваме дека реформите мора да значат зајакнување на заштитата, а не нејзино уривање.Ниту една законска измена во делот на минералните суровини и доделувањето концеции не смее да резултира со:

· Олеснување на контролата врз концесиите;

· Деградација на животната средина;

· Ставање на профитот над јавниот интерес и здравјето на граѓаните.

Природните ресурси на Македонија се јавно добро од стратешко значење, а не приватен интерес. Затоа, недозволиво е измените кои се најавуваат и се предглагаат со овие законски измени да се третираат како технички, а притоа да имаат суштински последици врз нивото на заштита на животната средина, правото на сопственост, управувањето со ресурсите и приоритетот помеѓу јавниот интерес и профитот на поединци.

ДОМ ќе продолжи активно да се спротивставува на решенија кои одат на штета на граѓаните и ќе инсистира на високи еколошки и правни стандарди во сите процеси поврзани со концесии и користење на природните ресурси“, стои во реакцијата на ДОМ.