Едно лице загина, 8 повредени во нападот врз екс премиер на Пакистан

Еден маж е убиен, а 8 се повредени во вооружен напад врз протестниот марш, предводен од поранешниот пакистански премиер Имран Кан (80), соопштија службите за спасување.

Како што пренесува ДПА, најмалку два куршуми го погодиле Кан во ногата.

Кан, кој го предводеше протестот со барање за предвремени избори е во стабилна здравствена состојба, соопшти негов советник, оценувајќи дека нападот бил обид за атентат на поранешниот премиер.

Според пакистанската телевизија Гео, во врска со нападот приведено е едно лице, кое засега не е именувано.

Актуелниот премиер Шехбаз Шариф го осуди нападот и нареди итна истрага, пренесува Би-Би-Си.