Еди Рама во официјална посета на САД

Премиерот на Албанија – Еди Рама е во официјалната посета на САД, а денеска ќе учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН, каде неговата земја е привремена членка.

„За време на четиридневната посета, на 15 февруари во Вашингтон, Рама ќе има средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Состанокот на Рама доаѓа по одлуката САД и Албанија да бидат кодомаќини на прашањето за Украина во Советот за безбедност на Обединетите нации“ – пренесува агенцијата „Балкан веб“.

Шефот на албанската влада покрај Советот за безбедност и средбата со државниот секретар Блинкен, ќе се сретне и со заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, а планирани се средби и со други претставници на кои ќе се разговара за можна воена и образовна соработка меѓу двете земји.