Мицкоски: Подаваме рака за единство, Ковачевски да ги напушти слепите политики на заевизмот

„Не очекувам од луѓето кои се слепи следбеници на заевизмот, една политика која е жестоко поразена на изминатите локални избори на два пати да бидат рационални и да се издигнат над ситуацијата и да застанат еднаш во одбрана на македонското национално достоинство и да ги штитат македонските вредности“. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Кавадарци.

Мицкоски истакна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ подаваат рака и дека доколку Ковачевски му стане јасно дека треба да ги напушти слепите политики на заевизмот, треба да го прифати повикот за национално единство.

„Јас подадов рака, таа рака се уште е подадена, стојам на располагање, секогаш кога ќе треба да се обезбеди единство, заедништво, консензус, тука сме да зборуваме отворено, пред отворен врати, пред камери ако треба , да не се криеме, нема што да криеме. Зошто да се крие 3+2, 5+1“ – вели Мицкоски.

Истакна дека треба народот да знае затоа што доста му е од порази и конечно да престанеме да се делиме, туку да се обединиме околу тоа што значат државни и национални интереси.