Ева Каили лишена од слобода како резултат на истрагата за корупција во Белгија

Ева Каили лишена од слобода како резултат на истрагата за корупција во Белгија.

Грчките медиуми известуваат дека има сомнение за примање мито поврзано со светското првенство во Катар.

Грчкиот репортер јавува дека таа е осомничена за примање мито поврзано со Светското првенство во Катар.

Уапсен е и нејзиниот партнер Лука Висентини, а воедно и новоизбран генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати.

Пјер-Антонио Панцери беше друго име што се споменува во врска со истрагата. Тој е поранешен член на Европскиот парламент на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (S&D).

Шеснаесет претреси се извршени вчера во Брисел, а во рамките на случајот се уапсени пет лица, соопшти бриселското Јавно обвинителство.

Ева Каили е исклучена од партијата со одлука на претседателот Никос Андролакис.

Белгиската полиција вчера извршила претрес на 16 локации во Брисел. Истрагата која трае со месеци е поврзана со корупција, перење пари и формирање криминална организација.

Правосудството во Белгија се сомнева дека „земја во Персискиот Залив“ подмитувала членови на Европскиот парламент.

При претресот биле одземени и компјутери и мобилни телефони, а најден е многу кеш.