Евакуирани над 400 лица по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар

Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, со приватни и рибарски чамци, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата Споради, вкупно 446 лица, туристи, жители и оние кои попладнево беа во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, по морски пат успешно беа евакуирани поради големиот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.

Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, со приватни и рибарски чамци, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата Споради, вкупно 446 лица, туристи, жители и оние кои попладнево беа во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, по морски пат успешно беа евакуирани поради големиот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот сè уште не е ставен под контрола, меѓутоа вечерва ситуацијата е значително подобрена, а на Халкидики пристигнуваат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција.

Според податоците од крајбрежната служба на Грција, 250 лица од плажата во Сивири се безбедно пренесени во марината во Сани, додека пак 196 лица се во траектот „Спидранер“ што сообраќа од островите Скијатос, Скопелос и Алонисос до Солун и засега сè уште не е јасно дали ќе бидат префрлени во Солун.

Поради пожарот, во прекин е сообраќајот во поширокото подрачје на Сивири, возилата од Сивири се пренасочуваат лон Касандрија, а од Фурка кон Касандрија, Полихроно и Скиони.

Пожарот избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени четири пораки до оние кои се во поширокиот регион, а три беа за евакуација на Сивири и Фурка.

Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи.

Акцијата за евакуација ја водеа крајбрежната и противпожарната служба на Грција и ангажирани беа патролни бродови, чамци од двете служби, најмалку девет приватни чамци, а во Сивири, превентивно остануваат неколку патролни бродови, исто како и на плажата во Фурка.

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека функционира специјална платформа од Министерството за туризам во соработка со Грчката хотелска комора за привремено сместување на лицата погодени од шумскиот пожар: https://emergencyhotels.civilprotection.gr/Application/NewAppl?evId=e23298e4-7178-4666-891b-20066ab5416a

Според заменик-портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, полесно се повредени двајца пожарникари, а меѓу граѓаните нема повредни.

Противпожарните сили попладнево беа дополнително зајакнати и интервенираат 148 пожарникари со четири пешадиски тима и 54 возила, меѓу кои 12 пожарникари со три возила од Молдавија, кои се наоѓаат во Грција во рамките на програмата преку европскиот механизам за цивилна заштита.

За гаснење од воздух ангажирани се девет авиони и три хеликоптери, од кои еден за координација, а помагаат и цистерни од општина Касандра.

Дополнително, кон Халкидики се упатуваат 40 пожарникари со авион Ц-27 од Атина, како и седум пожарникари Јанина, шест пожарникари од Александруполи, шест од Козани, седум од Волос и шест пожарникари од Кавала.

Во поширокото подрачје на пожарот распределени се шест возила на брза помош, една мобилна медицинска единица, две возила и три мотоцикли за итна интервенција, со спасувачки и медицински персонал а сите сили се во зголемена оперативна готовност за доколку биде потребно пружање медицинска помош