ДУИ: 83 владини седници без објавени записници на албански јазик

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагира дека записниците од владините седници не се објавуваат и на албански. Оттаму велат дека се работи за практика која трае речиси една година.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагира дека записниците од владините седници не се објавуваат и на албански. Оттаму велат дека се работи за практика која трае речиси една година.

„Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на највисокиот орган на извршната власт и за период од 11 месеци. Толкав број необјавени документи бара целосно објаснување за начинот на кој во самата Влада се спроведува Законот за употреба на јазиците“, се вели во партиската реакција.

Оттаму велат дека ова прашање и претходно било јавно отворено, а претставници на Влен тврделе дека записниците се достапни и на албански јазик.

„ДУИ го осудува ваквото непочитување на законските обврски за употреба на албанскиот јазик и бара институционална одговорност. Бараме Владата јавно да ги соопшти причините поради кои овие записници не се објавени, да утврди кој е одговорен за оваа состојба и веднаш да ја објави целата документација што недостасува на албански јазик“, се наведува во соопштението.

Додаваат и дека Законот за употреба на јазиците предвидува и санкции за непочитување на неговите одредби.

„Надлежните институции треба да утврдат дали во овој случај постојат услови за одговорност и да постапат согласно со законот. Бараме спроведување на законот, итно објавување на записниците на албански јазик и одговорност за овој скандал. Да го повикаме Инспекторатот за употреба на јазиците да постапи, за жал, веќе речиси и да невреди. ‘Невреди’ го деградира и ослабна до тој степен што оваа институција, која требаше да биде еден од главните механизми за заштита на албанскиот јазик, практично е направена немоќна“, велат оттаму.

Извор: 360stepeni.mk