Досега 7 кандидати за претседател на Србија за изборите на 3. април

Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски е седмата личност во Србија која има намера да учествува на изборите на 3. април, за шеф на државата.

Иако партиите од владејачката коалиција се уште не го објавиле својот кандидат, се очекува тоа да биде лидерот на СНС, актуелниот претседател – Александар Вучиќ.

Според аналитичарите,  различноста на опозициската политичка сцена во Србија е таква да нивен единствен кандидат е речиси невозможна мисија.

Досега свои претседателски кандидатури најавија Бошко Обрадовиќ од српското движење Двери, Милош Јовановиќ од коалицијата НАДА и Милош Вациќ од Српската десница.

Од коалицијата Обединета Србија како кандидат за претседател е Здравко Понош, а пред нив се кандидираа и Срѓан Шкоро и Никола Сандуловиќ од Републиканската партија.

Списокот веројатно не е конечен, оти се уште се очекува изјаснувањето на поранешниот претседател, сега лидер на Социјалдемократската странка на Србија – Борис Тадиќ.