Само Албанија со пониска минимална плата од Македонија во регионот

Македонскиот работник има минимална плата од околу 250 евра, а помала сума од кај нас земаат само во Албанија. Таму минималецот е 236 евра.

Останатите држави во регионот имаат значително повисока минимална плата.

Во Словенија минималецот изнесува 749 евра, а во Хрватска таа сума изнаесува 569 евра.

Во Црна Гора од јануари годинава минималната плата е околу 450 евра.

Во Србија најслабоплатените работници земаат по 300 евра, а во Бугарија таа сума изнесува околу 280 евра.

Во светот најголема минимална плата имаат Австралија, Луксембург, Нов Зеланд, Ирска, Франција, Велика Британија, Норвешка, Белгија, Германија…