ДКСК ќе истражува дали меѓу актуелни судии и јавни обвинители има некој како синот на Џафери

По скандалот со синот на Џафери,од комисијата најавија проверка кои актуелни судии и јавни обвинители стигнале до своите функции со прекршување на законот.

Билјана Ивановска  претседателката на државната комисија за сптречување корупција истакна дека истрагата која ќе биде продолжение за таа на Барлет Џафери ќе значи проверка на сите кандидати на академијата од самото нејзино формирање до ден денес.

Истрага ќе се спроведе на сите универзитети. Во истрагата ќе биде вклучен и просветниот инспекторат.Инспекторатот ќе прави проверка на сите правни факултети во земјава за периодот од 2008 до 2012 година.