
Димитриеска-Кочоска со фингирани табели го крие јавниот долг, вели СДСМ
Опозициската СДСМ тврди дека новото задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да го оправда со нови лаги и манипулации.
Опозициската СДСМ тврди дека новото задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да го оправда со нови лаги и манипулации.
„Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).
Значи, Кочоска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.
Но очигледно Кочоска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата“, вели СДСМ во соопштение.
Според партијата, долгот за ЈПДП е скриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.
„Кочоска мафта со фингирани табели“, велат до СДСМ.
Заднината на сето ова, нагласува партијата, е „подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.
Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата“.