Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња

Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон.

Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон.

Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти.

Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден.

На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната служба и полицијата, припадници на Граѓанската гарда, како и медицински тимови.