Двајца загинати во страшна сообраќајка во Хрватска, двајца се борат за живот

Двајца преживеани мажи од смачканото „ауди“ со кое удриле во бетонски блок на излезот од тунелот Учка во Хрватска се уште се борат за живот во риечката болница, дознава Индекс.хр. Тие се во многу тешка состојба, велат хрватските извори.

Според неофицијални информации, возачот и тој што седел зад него преживеале, додека другите двајца починале на местото на настанот.

Фотографиите кои покажуваат што останало од автомобилот зборуваат со колкава сила автомобилот удрил во бетонскиот насип кај тунелот.

Од истарската полиција вчера потврдија дека во аудито имало четворица мажи, а телата на двајцата починати ќе бидат пренесени во Патолошкото одделение на болницата во Пула, каде ќе биде извршена обдукција.