Горивата поевтинуваат од 3,5 до 5 денари за литар

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од вечерва по полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати.

Дизел горивото ќе поевтини за 5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 4 денари, за 3,5 денари по литар ќе се намали цената на безнинот од 95 октани. Нафтата за домаќинствата ќе поевтини за 4,50 денари за литар, додека цената кај Мазутот М-1 НС оди надолу за 2,115 ден за килограм.

Ваквото по подолг период позначајно намалување на цените на горивата, беше повод за изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

„Денешната одлука е потврда дека РКЕ работи согласно утврдена методологија која е во интерес на граѓаните. Довербата што ја градиме кон граѓаните е клучна со цел да се избегнат дезинформаци и лажни вести од т.н експерти. РКЕ секогаш кога се создаваат предуслови, веднаш носи одлуки во корист на народот“, кажал Бислимоски.