„Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас“

„Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас за да може да го исфрли од употреба јагленот и да ги ограничи цените на енергијата“. Ова е изјавата на извршниот директор на „E.ON“, водечката компанија за електрична енергија во земјата, Леонхард Бирнбаум.

„Сметаме дека ни треба рускиот гас. Точка. Особено затоа што сега треба повеќе да се потпираме на гас бидејќи сакаме да престанеме да користиме јаглен“ – рече Бирнбаум.

Излезе со поддршка за гасоводот „Северен тек 2“, што треба двојно да ги зголеми испораките на руски гас за Германија.

„Гледано од перспектива на енергетска економија „Северен тек-2“ помага. Политичката оценка може да биде различна и за неа треба да се разговара на политичката арена“ вели тој.

И САД и Германија предупредија дека „Северен тек 2“, проект што е завршен, но се уште не е ставен во функција, може да се соочи со санкции доколку Русија ја нападне Украина.