Во 57 земји во светот е појавена подваријанта на Омикрон

Дел од истражувањата на упатените во здравствениот сектор во светски рамки покажале дека подваријантата на Омикрон сојот на коронавирусот би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, а таа веќе е откриена во 57 земји во светот соопшти СЗО.

Омикрон сојот брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели.

СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен објаснува дека оваа варијанта, која сочинува 93 отсто од сите примероци на коронавирус собрани во изминатиот месец, има неколку подваријанти: БА. 1, БА. 1.1, БА.2 и БА. 3.

Подваријантите БА. 1 и БА. 1.1, првите идентификувани верзии, сега сочинуваат повеќе од 96 проценти од секвенците на омикрон внесени во глобалната база на податоци GISAID.

Но, забележано е очигледно зголемување на бројот на случаи на подваријантата БА. 2, која носи повеќе различни мутации од оригиналната верзија, особено на шилестиот протеин на површината на вирусот неопходен за влез во човечките клетки.

Досега малку се знае за разликите меѓу подваријантите.