Вулин: Годинава беа разбиени 24 организирани криминални групи во Србија

Александар Вулин – српскиот министер за внатрешни работи изјави дека српската полиција разбила 24 организирани криминални групи во годинава што изминува. Тој нагласи дека„Србија не е и нема да биде погодна почва за криминал“.

Вулин оценува дека полицијата покажала „извонредна сила и храброст да се справува со сите организирани криминални групи, вклучително и оние кои се истакнаа по својата бруталност и монструозност”.

Првиот човек на српската полиција рече дека во 2022 година вработените во полицијата ќе добијат зголемување на платите и приходите, а следуваат и инвестиции во изградба и реконструкција на објектите на МВР.