Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор се уште трае. На терен се полицајци, пожарникари-спасувачи, припадници на планинската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња трагачи, ловџии и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптер и беспилотни летала со термо камери.
Во потрагата може да се приклучат и доброволци во координација со полицијата, вели министерот Братислав Гашиќ.
Девојчето Данка Илиќ, кое исчезна вчера во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско Поље во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Во моментот на исчезнувањето таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата врзана во опавче.
Во Србија за првпат беше лансиран системот FIND ME! кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.
Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума. Вчера попладне беа подигнати беспилотни летала со термални камери, а областа ја пребарува и хеликоптер.
„Тоа е приградска населба со многу тежок терен. Има шуми и потоци. На самиот крај од тоа место се случи исчезнувањето на нашиот мал сограѓанин“, изјави градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ.
Дождот што паѓаше уште повеќе ја отежна потрагата.
Во текот на вчерашниот ден ја барале околу 2.000 луѓе.
На терен се полицајци, жандармерија, пожарникари-спасувачи, припадници на доброволната противпожарна единица и на Планинарската спасувачка служба.
Во акцијата се вклучија и граѓаните, пријателите и семејството на исчезнатите девојчиња, на кои им беше препорачано во текот на ноќта да се вратат дома за да не им пречат на кучињата трагачи и повторно да се приклучат наутро.
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, кој доцна синоќа пристигна во Бањско Поље, утринава изјави дека насобраните доброволци кои сакаат да се приклучат во потрагата тоа можат да го направат во координација со полицијата.