Вработени излегуваат на протест – пропаѓа ли еден од најголемите синџири маркети во Македонија?

Вработени во синџирот маркети „Тинекс“ најавуваат протест поради, како што тврдат, неисплатени плати во изминатите неколку месеци, додека во јавноста сè почесто се појавуваат информации за сериозни финансиски проблеми во компанијата.

Вработени во синџирот маркети „Тинекс“ најавуваат протест поради, како што тврдат, неисплатени плати во изминатите неколку месеци, додека во јавноста сè почесто се појавуваат информации за сериозни финансиски проблеми во компанијата.

Според неофицијални информации, компанијата се соочува со тешка финансиска состојба и наталожени долгови, вклучително и кон добавувачи. Дел од изворите посочуваат дека до ваквата состојба довело и лошо менаџирање во изминатиот период. Во дел од маркетите, како што сведочат граѓани, веќе се забележуваат празни полици и намалена понуда на производи.

Тинекс беше водечки малопродажен ланец на супермаркети во нашата земја, кој повеќе од 32 години настојуваше на своите потрошувачи, со својата разгранета мрежа, да им ги понуди најдобрите производи и услуги со врвен квалитет и одлични цени.

На социјалните мрежи се споделуваат бројни реакции од граѓани кои укажуваат на влошени услови во маркетите. „Во Тинекс како во постапокалиптичен филм – полици празни, луѓе нема“, гласи еден од коментарите. Други корисници посочуваат дека состојбата со услугата се влошувала во подолг временски период.

Засега нема официјална потврда од компанијата за овие наводи, ниту пак детали за нејзината финансиска состојба. Неизвесноста околу работењето на еден од поголемите синџири маркети отвора прашања за стабилноста на секторот и положбата на вработените.

Извор: Скопјинфо.мк