
Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека денеска, 22 август, поради високите температури е воведено и ограничување на брзината во железничкиот сообраќај.
Железничкиот сообраќај се одвива редовно, но поради високите температури од 11 до 17 часот брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.
Возовите ја намалуваат брзината при големи жештини главно поради ширењето на шините од високата температура.
Тунелот Каланово, Катлановско Блаце и дел од Петровец ќе останат без струја во периодот од 7.55 до 14.55 часот, информираа од ЕВН.
Во истиот период од струја ќе бидат исклучени и селата Огњанци, Чојлија, Бадар, Кожле, како и водоводот Кожле и фазанеријата Тотинци.
Во во периодот од 9.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Јурумлери.